Амбалажа – клучен фактор за безбедноста на производот

Скопје · 06. Декември 2023 · Public Room · 9:30 – 15:00

 

Организатори:

6 Мај, Скопје и Калиграф, Загреб

Амбалажата има важна улога во заштитата на производите од надворешни влијанија, вклучително микроорганизми, светлина, воздух, влага и механички оштетувања, истовремено обезбедувајќи привлечност на полицата, едноставност и одржливост. Сето ова во само неколку микрони дебел ѕид од материјалот за пакување!

 

Со цел подобро да ги разбереме и запознаеме најновите случувања во областа на амбалажата и нејзиното влијание врз безбедноста на храната, ги поканивме експертите и сите заинтересирани страни да разменат знаење и искуство. Ова е семинар за сите кои се занимаваат со производство и пакување на храна, козметички, фармацевтски, хемиски или тутунски производи и кои секогаш сакаат подобро и повеќе.

Topics

  • Амбалажата денес и во блиска иднина
  • Развој и трендови во флексо амбалажа
  • Избор и примена на картонска амбалажа
  • Графички бои и амбалажа
  • Стандардизација и управување со амбалажа во производствена компанија
  • Оптимизација на процесот на креирање амбалажа

 

Speakers

Михо Кароли

Основач и директор на Калиграф, графичко студио специјализирано исклучиво за амбалажа. Тој е експерт во областа на подготовка за печатење, дизајн и оптимизација на амбалажата. Иницираше бројни иновативни проекти, а речиси секојдневно учествува во креирањето на најнапредните решенија за пакување за познати хрватски и светски брендови.

Сашо Ѓоревски

Технички директор во печатница која се бави со картонска амбалажа.
Искусен менаџер за производство во печатарската индустрија. Вешт во корекција на бои, ламинирање и управување со печатење и графика.

Вангел Талевски

Tехнички директор во печатница/ Eксперт во областа на флексибилна амбалажа, фолии, бариерни фолии. Вешт во истражување и развој на амбалажа и печатење.

Жељка Тихомировиќ

Таа е експерт за управување со амбалажа во производствени организации, стандардизација на процесите и тестирање на пакувањето во употреба. Има богатото искуство и знаење во областа на развој на амбалажата, во комбинација со искуство во маркетинг, таа сега има можност да го примени токму она што отсекогаш најмногу ја интересирало – амбалажата.

Program

09:30-10:00

Пријавување на учесници и кафе за добредојде

10:00 - 10:05

Најава на семинарот

Емилија Чатлеска/ Калиграф & 6 Maj

10:05 - 10:15

Поздрав и вовед

Михо Кароли / Калиграф

10:15 - 11:00

Амбалажа – клучен фактор за безбедноста на производот

Михо Кароли / Калиграф

11:00- 11:45

Интерактивна картонска амбалажа

Сашо Ѓоревски / Печатница Фустеларко

11:45- 12:30

Развој и трендови во флексо амбалажа

Вангел Талевски / Печатница Киро Дандаро

12:30- 13:30

Пауза за ручек, освежување и дружење

13:30- 14:15

Стандардизација и управување со амбалажа во производствена компанија

Жељка Тихомировиќ / Калиграф

14:15- 14:45

Графички бои и амбалажа

Михо Кароли / Калиграф

14:45- 15:00

Амбалажата денес и во блиска иднина

Михо Кароли / Калиграф

15:00-

Кафе и дружење

*организаторот го задржува правото да ја промени програмата

Registration

Учеството на семинарот е бесплатно. Настанот е спонзориран од “6 Maj” – Скопје и Калиграф” – Загреб.

Бројот на места е ограничен! Потврдете го вашето присуство со пополнување на формуларот погоре. Од една команија може да се пријават повеќе учесници.

Доколку не сте во можност да дојдете, ве молам да го откажете присуството преку email на emilija.chatleska@kaligraf.hr

 

Организаторите го задржуваат правото да ја променат програмата во случај на непредвидени околности.

Организаторите го задржуваат правото да го променат датумот и местото на одржување на семинарот. Во случај новата локација, датумот или новите теми да не одговараат, пријавените имаат право да го откажат учеството.

Организаторот не е одговорен за евентуално откажување на семинарот поради околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (виша сила).

За повеќе информации, контактирајте со emilija.chatleska@kaligraf.hr или на телефон: +389 70 749 990

Лице за контакт: Емилија Чатлеска 

Се гледаме на 6ти Декември во Public Room!
Паркинг: Ramstore Mall | Diamond Mall